ХОЏА БИЛ ГОРД НА ГРУПАТА ОД ДИВО НАСЕЉЕ: Припадниците на МВР загрижени поради можни одмазнички акции организирани од групи на Рамуш и Хоџа

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Именувањето на Џезаир Шаќири, алијас Командант Хоџа за советник за безбедност на премиерот Зоран Заев, не престанува да ја бранува јавноста.

Во конфликтот од 2001 година во кој загинаа 75 припаднции на македонските безбедносни сили, Командант Хоџа беше еден од командантите на ОНА.

За командантите вели дека е горд на нив и сега му се другари.

-Јас сум горд што ми биле другари, се бореле како лавови.Биле предадени и сепак издржале се до последен момент онака како што им доликува на јунаците слични на на Мит Соколи на нашата нација, рече тој во интервју за KTV.

Актуелниот советник на Заев искажува своевидна гордост за големиот број на припадници на македонските безбедносни сили во тоа време.

-Да кажам само еден пример, единицата Тигри има 520 припадници кои што важат за најсилни и најтренирани во Македонија. Од нив 8 се убиени и 37 ранети. Ако ги поделиш излегува дека 10 % од најсилната полициска единица во Македонија се елиминираше. Да не зборуваме за деморализирање на останатите кои, според информациите што ги имаме се со големи трауми, истакна командант Хоџа.

Пред два дана до редакцијата беше испратено анонимно писмо од припадниците на ЕСЗ „Тигар“ во кое се тврди дека по назначувањето за советник на премиерот, Хоџа ги барал списоците со лични податоци за припадниците на специјалните сили на полицијата.

Тие повикаа дека се работи за планирање на одмазда поради акцијата во Диво Насеље.

„Тигрите“, како што пишува во писмото се загрижени за нивната, и безбедноста на нивните семејства, и бараат од надлежниот министер да ги заштити нивните податоци, кои доколку паднат во погрешни раце ќе значат и директна закана кон животот и безбедноста на нив и нивните семејства.

1 коментар

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This