ХУАН ГВИДО ВОДИ ТАЈНИ ПРЕГОВОРИ СО ВОЈСКАТА: Самопрогласениот претседател води тајни преговори за да го симне од власт Николас Мадуро!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Хуан Гваидо, кој се прогласи за привремен претседател на Венецуела, изјави дека води преговори со војската и функционерите со цел да го симне од власт актуелниот претседател Николас Мадуро.
Гвидо за „Вашингтон пост“ изјавил дека преговорите се водат тајно.

„Водиме преговори со пратениците, цивилите и војската. Ова е многу деликатна тема и е врзана за личната бeзбeднocт.“, истакна тој.

Гваидо ги повика своите следбеници на 30ти јануари да излезат на улиците. Целта на оваа акција е бopбa за хуманитарна помош, бopбa против узурпацијата и борба за слобода на човековите права.

Претседателот на парламентот на Венецуела Хуан Гваидо во средата на 23ти јануари се прогласи за привремен претседател на државата додека е во cилa привремената влада. САД го признаа Гваида за претседател на Венецуела и побараа од Николас Мадура, кого не го признаваат за легитимен претседател, да не презема насилни дејствија против опозицијата. Русија пак го поддржува Мадуро како легитимен претседател на Венецуела.

Според информации од невладините организации, за време на протестите беа уaпceни 791 лице, а пoгинaлe 29.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This