ХУНТА, РЕЖИМ, ДИКТАТУРА: Дескоска најави дека и да пропадне референдумот, договорот останува во сила

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Министерската за (НЕ) правда Рената Дескоска во своето интервју за неделникот Фокус истакна дека дури и граѓаните да го искорситат своето демократско право, да го бојкотираат референдумот и да не се исполни цензусот, власта ќе продолжи со спроведување и имплементирање на одредбите од Договорот со Грција.

– Имам чувство дека тие што се обидуваат јавно да формираат кампуси за гласање или бојкот на референдумот, не ги имаат предвид токму правните ефекти од гласањето на референдумот, како и разликите и сличностите меѓу референдумот во 2004 и овој сега. Во 2004 година беше донесен Закон за територијална организација од Собранието. Беше поставено прашање за враќање на стариот закон и притоа на референдум не беше донесена никаква одлука од страна на граѓаните и тие не успеаја да ја сменат одлуката, односно законот донесен од Собранието и тој си остана на сила. Цензусот е услов да се донесе одлука. Ако нема цензус, нема обврска за Собранието да дејствува на овој или на оној начин. Немате одлука. Сега имаме склучен и ратификуван договор, вели Дескоска во интервјуто за Фокус.

Имено Дескоска е само последниот во низа владини претставници кои јавно истакнаа дека нема да ја почитуваат волјата на граѓаните. Дескоска се придодаде на Заев и Шеќеринска и го потврди уште еднаш ставот на владата на СДСМ дека и доколку не се оствари цензусот на референдумот закажан за 30-ти септември, владата ќе продолжи со имплементирање на договорот од Преспа.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This