Царовска: Државна матура ќе се полага, нема ниту намалување на бројот на предметите за полагање

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Концепцијата на матурата не може да се менува во од. Учениците се запишале и знаат дека ќе ja полагаат по таа матура. Ќе направи проблем при успис на факултетите, при упис надвор на факултетите, затоа што концепцијата е државна и таа се пропишува од страна на министер, истакна министерката за образование и наука Мила Царовска во врска со барањето на Средношколскиот сојуз за модификација во полагањето државна матура за генерацијата од оваа учебна година и намалување на бројот на екстерни испити.

Во изјава за медиумите по отворањето сензорна соба во ООУ „Кирил и Методиј“ во Стајковци, министерката изјави дека учебната година мора да заврши по истата концепција за матура по која и почнала, иако, како што рече, не е на нивото на кое треба да биде и за тоа се согласуваат и МОН и Државниот испитен центар, средношколците и наставниците.

– Се сеќавате лани на кој начин се направи проблемот со полагање на матурата. Дел од учениците мораа да полагаат за да можат понатаму да продолжат со образованието, не им признаваа надвор во светот дека ние сме одлучиле да немаме матура. Во сите држави, во целиот регион, се одржа матура беспрекорно, додаде Царовска.

Претставниците на Средношколскиот сојуз вчера на состанок во МОН имаа две барања за државната матура поради специфичните услови од пандемијата – да полагаат два наместо три екстерни испити и помалку да биде вклучен наставниот материјал што го изучуваа преку онлајн-платрформи откако почна ковид-кризата, односно од второ полугодие во трета година.

Претседателот на Средношколски сојуз Бленди Ходаи во изјава за медиумите вчера рече дека за второто барање имало согласност од МОН, а за првото (помалку испити) засега не, но дека ќе се трудат и натаму за да биде прифатено и дека ќе се консултираат со универзитетите и со Државниот испитен центар за да најдат компромис дали ќе ги прифатат учениците со испити од два екстерни предмета.

МОН во соопштение за средбата вчера наведе дека прва одлука што ја донело е да се скратат програмите по кои ќе се одржуваат испитите од државната матура со цел полагањето да биде ефективно и организирано и дека на состанокот е најавена целосно нова концепција за државна матура која ќе се применува од 2021/2022 година, во чија изработка ќе бидат вклучени и наставниците и средношколците.

– Имаме шест месеци да се подготвиме за државната матура, што е повеќе од доволно за организирање на овој процес. Разбираме дека постои страв и несигурност кај средношколците во однос на безбедноста и самиот процес на подготовка, но токму затоа сме тука, низ заеднички дијалог да понудиме решенија кои ќе гарантираат и безбедност и поддршка. Заедно со учениците, училиштата, со наставниците и, секако, со здравствените власти ќе најдеме начин самото полагање да биде безбедно. Истовремено, работиме на креирање систем кој ќе им помогне на средношколците да се подготват и да постигнат високи резултати на државната матура, кои ќе им бидат основа за понатамошно нивно надградување, информираше МОН по средбата.

Државната матура во учебната 2020/2021 ќе се полага од 29 мај до 14 јуни. Треба да се полагаат три екстерни предмети – задолжително мајчин јазик, странски јазик или математика и уште еден изборен испит за кој се понудени десет предмети. Покрај екстерните, државната матура опфаќа и интерен предмет и проектна задача. МИА

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This