Царовска упорна во своите намери и без слух за проблемите кои ќе настанат, се обидува да го игнopира мнозинството.

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Додека  релевантни институции и еминентни професори потенцираат за бројни недостатоци, министерката Царовска чека писмени забелешки на емаил адреса, Упорна во своите намери и без слух за проблемите кои ќе настанат, се обидува да го игнорира мнозинството, рече Марија Митева од ВМРО-ДПМНЕ.

Ставот е едногласен, да за реформи во основното образование, но НЕ за вакви квази концепции. Предложениот концепт треба веднаш да се повлече и да се пристапи кон креирање на нов. Потребно е да се напушти концептот на интегрирање на предмети особено историја и географија. Недостасува истражувачки период, стручни мислења и  јавна дебата за учеството на стручната, но и на пошироката јавност.

Прашањето е дали имате желба вистински да ги подобрите состојбите во образованието? После неуспешни платформи, сега и неуспешни концепции?

Потенцираме, ВМРО-ДПМНЕ бара градење на национален став на темата “Реформи во образованието”.

Охрабрете се и формирајте работна група од сите релевантни чинители во образовниот систем, вклучувајќи ги и стручните тела на политичките партии.

Треба да се обезбедат голем број на услови пред започнување на реформата.

А дотогаш, образованието е уште еден во низата ваши неуспешни обиди!

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This