ЦДУ повлече кандидат за министер поради „невнимателно однесување“ на фејсбук

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Христијанско демократската партија (ЦДУ), на германската канцеларка Ангела Меркел, го повлече својот кандидат за министер во една сојузна држава откако тој наводно ставил „ми се допаѓа“ на фејсбук страницата на една антиимиграциска партија.

junhiujo

ЦДУ планирала нивниот член и државен обвинител Саша От да биде именуван за нов министер за правда во Владата на сојузната држава Мекленбург-Западна Померанија.

Регионалниот лидер на ЦДУ, Лоренц Кафијер денеска објави дека От е заменет со друг кандидат „поради своето невнимателно однесување на социјалните мрежи“.

Дневниот весник „Шверинер Фолксцајтунг“ објави дека От ставил „ми се допаѓа“ на фејсбук страницата на националистичката партија Алтернатива за Германија, која е против политиката на „отворени врати“ кон бегалците и остро ја критикува Меркел.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This