ЦЕЛА МАКЕДОНИЈА ОТИДЕ ЗА ГЕРМАНИЈА: За да „избегaaт“ во Германија дневно се распрашуваат до 500 Македонци

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Од 300 до 500 македонски граѓани се распрашуваат за работа во Германија преку социјалните мрежи, пренесува Фактор.

German Chancellor Angela Merkel, right, and Macedonian Prime Minister Zoran Zaev, left, brief the media after a meeting at the chancellery in Berlin, Wednesday, Feb. 21, 2018. (AP Photo/Markus Schreiber)

Овој податок го открива Васев делчевскиот иселеник кој долги години живее и работи во градот Бретен и им посредува на Македонците во регионот на Карлсруе и Штутгарт.

-Можам да кажам дека во сите одделенија на работни места, специјално се бара работа во градежништвото, тука ќе набројам електричари, плочкари, ѕидари, молери, гипсери, водоинсталтери, парначи и се што е поврзано со „граѓевина“. Исто така поради тоа што нагло се гради во Германија, има голем дефицит од сместување. Поради тоа што преку наша фирма професионално посредуваме за работа повеќе години, можеме да кажеме дека дневно на социјалните мрежи за работа во Германија прашуваат од 300 до 500 луѓе. Луѓето се интересираат да дојдат и да се интегрираат во Германија. Во последно време имаме барања исто од наши иселеници од Малта, од Италија и од други земји кои сакаат да ја променат државата и се информираат за овдешните можности, вели Васев за МИА.

Најголем дел, како што дополнува, се интересираат за работа со македонски пасош.

-Со македонски пасош засега може да се работи со работна виза, тоа е така уште од 1 јануари 2016, тој законот важи до 31 декември 2020, во делот на општи работници. Тоа што пишува по социјалните мрежи дека може без амбасадата, се уште не е точно, мораме прво термин во германската амбасада за апликација за германска виза. Од 1 јануари 2020 за квалификувани лица ќе може да се дојде во Германија, имаме шест месеца на располагање да си најдеме работа, сместување и таму документите се да ги средиме.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This