ЦЕЛИОТ ПРОЦЕС КОЈ ГО ВОДИ СЈО Е КРИМИНАЛЕН: Во случајот „Тенк“ се направени сериозни прекршувања на постапката!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Граѓаните одамна се свесни дека СЈО е партиско обвинителство кое служи за прогон на политиките противници на актуелната власт, со оглед на тоа што ниту еден друг политичар од друга партија сем ВМРО-ДПМНЕ се уште не е цел на истрага. Но полека, но сигурно на виделина излегуваат и другите ,,гревови” на обвинителството на Јанева, односно криминално работење за кое осознава јавноста.

Имено во текот на вчерашниот ден во изјава за медиумите на обвинителот од СЈО, Бубевски кој важи за најблизок до СДСМ од сите обвинители во обвинителството, изјави дека за вештачењата кои вообичаено на пазарот чинат од 100 до 200 евра, СЈО платило неверојатни 5 илјади евра од џебот на граѓаните. Од СЈО се правдаат дека морале да платат толкава сума бидејќи никој не сакал да вештачи за нив.

Сега тие бараат судот да ги задолжи обвинетите да ги платат тие вештачења, доколку се осудени.

Инфомакс прашува дали воопшто се спровел тендер за вештачењето за да се утврди дека никој не се јавува на тендер?

Според инормациите кои ги имаме ние тендер никогаш не бил распишан, туку СЈО направило директна спогодна во четири очи, што е спротивно на законот. За ваквото дело според Законот мора да има и кривична одговорност за Катица Јанева како и за нејзиниот тим.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This