Целосен кapaнтин во Чешка, излегување од дома само во итни случаи

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Чешката Влада утре ќе разгледува преминување на највисоко ниво на опасност од епидемијата, што би овозможило воведување ограничувања на движењето и затворање на несуштинските продавници.

Како што изјави министерот за внатрешни работи, Јан Хамчек, ќе се разгледа преминот од четвртиот во петтиот, највисок степен на епидемиолошка закана, што ќе овозможи напуштање на куќата да биде дозволено само за итни потреби.

Епидемиолошката состојба во Чешка се влошува и мора да одговориме на тоа. Веројатно постојните ограничувања ќе бидат засилени – рече Хамчек.

Во Чешка од петокот се затворени музеи, фитнес центри, спортски објекти и спортски сали, а рестораните можат да продаваат храна само преку шалтер.

Досега од почетокот на епидемијата во земјата со корона вирус се заразени 618.836, а починаа 10.271 починаа.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This