ЦЕЛОСНА БЛОКАДА НА БУЛЕВАРОТ КАЈ СОБРАНИЕ: Демонстратите поставија барикади, немаат намера да се тргнат!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Пред Собранието на Република Македонија веќе трет ден се одржуваат протести против потпишување на договорот со кој Заев и Ципрас договориле промена на државното име на Република Македонија

Учесниците на протестот бараат повлекување на договорот со Грција, оставка од Владата и да не се одржи референдум за името.

Демонстратите поставија и барикади со кои целосно е блокиран протокот на возила во двата правци. И покрај обидите на полицијата да ги растргне, демонстратите останале со цврста намера да не се повлекуваат. Тие повикаа што повеќе луѓе да излезат на барикадите и да им дадат поддршка во борбата која ги засега сите граѓани на земјата.

Протестите се во пресрет на утрешното потпишување на договорот во Преспа од страна на министрите за надворешни работи на двете земји, Никола Димитров и Никос Коѕијас, во присуство на премиерите Зоран Заев и Алексис Ципрас, и на високи меѓународни претставници.

Во текот на утрешниот ден на протести повикаа и од навивачката група „Комити“ кој ќе се одржи пред Собранието на Р.Македонија. 

 

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This