ЦЕЛОСНО СЕ ЗАТВАРААТ ГРАНИЦИТЕ: Бугарија донесе зaбpaна за влез во земјата за граѓани од трети земји

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Бугарскиот министер за здравство Кирил Ананиев попладнево издаде наредба со која се воведува привремена зaбрана за влез на територијата на Бугарија на сите граѓани од трети земји. Со наредбата се воведува и процедура за ставање под кapантин. се воведуваат и специјални правила за лицата кои вршат дејност на испорака на стоки и услуги, јавија бугарските медиуми.

Со наредбата на граѓаните од трети земји привремено им се зaбрaнува да влегуваат на територијата на Бугарија.

Се зaбрaнува и влегувањето на граѓани, независно од нивното државјанство, а кои доаѓаат од Италија, Шпанија, Франција, Велика Британија, Северна Ирска, Германија, Холандија, Швајцарија, Австрија, Белгија, Исланд, Лихтенштајн и Луксембург на сите гранични премини и со сите видови транспорт.

Исклучок се прави за бугарските државјани и членовите на нивните семејства.

Сите лица кои ќе влезат во Бугарија се ставаат под 14-дневен задолжителен карантин. (МИА)

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This