Цената на струјата ќе поскапи за 13 проценти?

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Владата на затворената седница ја усвои зената од 41 евро за мегават час струја за која денеска на тендерот, пети по ред, ЕСМ му ја понуди на универзалниот снабдувач ЕВН Хоум.

Државните електрани доставија понуда на двата тендери кои се однесуваат на периодот јануари – јуни 2022 година со што ќе ја покријат комплетната побарувачка на струја за домаќинствата и малите потрошувачи, јави Телма.

На тендерите конкурираше само ЕСМ.

„АД ЕСМ како најповолен понудувач ќе ги покрие вкупните планирани потребни количини на електрична енергија за корисниците кои се снабдувани од страна на Универзалниот снабдувач за првата половина од 2022 година“, информираа од ЕВН.

Уделот на ЕСМ е најголем во крајната цена на струјата.Освен нивните, регулаторот ќе ги земе во предвид и барањата за покачување на МЕПСО, како и трошоците што ги прихави ЕВН, но надлежните уверуваат дека крајното покапување на сметките за струја од 1 јануари ќе биде околу 10 %.

Експертите се сомневаат дека ова е достижно… Антон Чаушевски, професор по енергетика за Канал 5 вели дека според првичните барања на енергетските компании крајанта цена би се зголемила за минимум 15 до 20 %.

„По моја проценка е дека покачувањето на цената ќе биде минимум 15-20% сега во јануари. А, што се однесува сега ЕСМ како ќе го покрие увозниот дел што треба да се задоволат потребите зн ЕВН Хоум, најверојатно Владата ќе помогне со набавка на јаглен, мазут, тоа е удел на Владата во намалување на ценовниот шок.“ изјави Антон Чаушевски, професор енергетика

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This