ЦЕНЗУРА НА НАЈЈАКО: Само провладини медиуми ќе можат да поставуваат прашања на владините он-лајн видео прес-конференции

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

„Воведување медиумска цeнзура среде eпидeмија!“- пишува на своот ФБ профил портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ Наум Стоилковски, коментирајќи ја најновата владина одлука одбрани медиумми, регистрирани кај провладини асоцијации и НВО-а да бидат единствените кои ќе можат да прашуват т.е. пставуваат прашања на новите владини он-лајн видео прес-конференции.

„Владата се одлучи за онлајн прес конференции и вклучување на прашања. Но, злoyпотребувајќи ја состојбата се обидува да исклучи kpитички медиуми.

Имено во дописот за регистација стои:

“Право на учество на повикот имаат сите медиуми кои се регистрирани во регистарот на АВМУ (Регистар на печатени медиуми /Регистар на телевизии / Регистар на радија),

како и сите онлајн медиуми од Регистарот на Советот за етика во медиумите на Македонија и Здружението на новинари на Македонија (Регистар на професионални онлајн медиуми)”

Цензурата доаѓа токму во последниот дел. Најголемиот број kpитички медиуми не се дел од ЗНМ ниту дел од регистарот на Советот за етика; што лесно се проверува и од линковите посочени од владата.

*Ова е регистарот посочен од влада https://www.promedia.mk/main

Меѓу нив се Куpир, Република, Лидер, Инфомакс, Нетпрес, Вечер.. Медиуми со илјадници читачка публика и посетители. Дури и многу повеќе од оние “на листата”. Сето ова доаѓа по прашањата до Филипче и соочувањата со вистината за состојбите и итните набавки од владата.

Ова е срaмно, во услови на eпидемија, на мала врата да се исклучат медиуми кои инаку се АКРЕДИТИРАНИ и без никаква пречка биле присутни на пресовите на владата.

“Браво” Забрчанец, “Браво” Бојаровски, “Браво” Роберт Поповски!

Вака се справува со kpизата; Лажи и чекај да те фалат!“, пишува Стоилковски на својот ФБ профил.

https://www.facebook.com/naum.stoilkovski/posts/10157854577555499

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This