Центарот за обука на пилоти изграден уште во 2014 година денес е предаден во сопственост на АРМ

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Со потпишување на финалниот записник за примопредавање од страна на одговорниот претставник на Армијата, директорот на Генералштабот, генерал-мајор Зоран Милески и директорот на ЦОП и претставникот на израелската фирма ЕЛМАК-Елбит системи, Јаари Шрага, соопштија од генералштабот на Армијата, официјално се изврши примопредавање на надлежностите од израелската фирма на Армијата на Република Северна Македонија.

Со воена церемонија во Центарот за обука на пилоти (ЦОП), во касарната „Страшо Пинџур“ во Петровец, денеска се изврши преминување на овој капацитет за обука на пилоти во структурата на Армијата на Република Северна Македонија.

– Со ова формално ЦОП, согласно планот за трансформација на Армијата и досегашниот договор влегува во структурата на Армијата на Република Северна Македонија како составен дел од Воздухопловниот ВИНГ, се наведува во соопштението.

Инаку Центарот за обука на пилоти е изграден уште пред 6 години и како таков функционира за потребите на Армијата на Република Македонија.

Се протега на 13.000 метри квадратни, во рамки на објектот има четири модули, а тоа е модул за овозможување на теоретска и практична настава на слушателите, модул кој значи практична обука за летање, модул којшто го покрива делот за одржување и сервисирање на хеликоптерите и модул за стимулатори за МИ-24 и МИ-17.

Суштината на овој проект не е само да продуцира пилоти за Министерството за одбрана, туку има една цивилна димензија, а тоа е да обучува пилоти за севкупна употреба на Република Македонија и од цивилен и од воен дел.

Дека Центарот за обука на пилоти е единствен и најсовремен во Југоисточна Европа покажува и фактот што е уште во 2014 година промовиран во капацитетите за користење на НАТО, од каде што е одговорено дека ги исполнува највисоките стандарди на НАТО алијансата.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This