Централен одбор на СДСМ може да свика 1/3 од членовите на ЦО

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Црвенковски повикува под итно да се свика Централниот одбор на партијата и на таа седница да се донесе заклучок дека искажаните ставови на Заев не се ставови ниту на ЦО ниту на СДСМ во целина. „До одржувањето на таква седница на ЦО, јас, Бранко Црвенковски, основач и долгогодишен претседател на СДСМ, го замрзнувам моето членство во Социјалдемократскиот сојуз на Македонија“, вели тој.

Според статутот на СДСМ седниците на Централниот одбор се одржуваат по потреба, а најмалку еднаш на секои три месеци.

За да се свика ЦО може истиот да биде свикан на барање на Заев, Извршниот одбор на СДСМ или 1/3 од членовите на Централниот одбор.

-Седниците на Централниот одбор ги свикува и ги води претседавачатот на Централниот
одбор на барање на Претседателот на СДСМ, Извршниот одбор на СДСМ или 1/3 од
членовите на ЦО и е должен на дневен ред да ги стави точките кои ги бара подносителот.
Ако претседавачот на ЦО во рок од 7 дена не постапи по барањето од ставот 2,
Централниот одбор може да биде свикан и од подносителот на барањето, кој тогаш ја
припрема и раководи со седницата на ЦО, стои во статутот на партија.

Останува да видиме дали партијата наследничка на Комунистичката партија на Македонија ќе собере храброст да сочува барем ронка од своето достоинство.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This