Централниот регистар потроши половина милион евра за нов портал и платформа: За потоа да објави нов оглас за ребрендирање

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Централниот регистар објави оглас за ангажирање на компанија за деловни услуги, консалтинг и маркетинг, која ќе треба да изготви нов дизајн на корпоративни обележја – лого и заштитен знак, како и да изработи книга за графички стандарди, со цел ребрендирање на институцијата, пишува Фокус.

Во техничките спецификации на набавката се наведува дека понудувачот треба да предложи идејно решение за ново лого, амблем и логотип, како и генерален слоган на институцијата, што, стои во спецификациите, треба да биде во согласност со целите и политиките на инстиуцијата.

Инаку, Централниот регистар пред два месеци склучи договор со компанијата „РЕ-АКТИВ ДОО“ за изработка на заедничка платформа за отпочнување на бизнис и модернизација на порталот, во вредност од 548.500 евра.

Патем, во оваа тендерска постапка учествувала уште една компанија која понудила речиси идентична финансиска понуда, меѓутоа моделот на избор повторно му давал предност на квалитетот, кој, исто така, се вреднувал со 60 бодови.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This