Цеца ставена во музеј: Фотографија од Цеца кога пее со својот народ додека НАТО ги бомбардира

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Пејачката е дел од изложбата “Рефлексија на нашето време“. Еден сегмент од неа е посветен на бомбардирањето на Србија од страна на НАТО, фотографии и видео запис од најпотресните и најемотивните моменти од тој период. Тука свое место најде и фотографија со ЦЕЦА, како единствена личност од естрадата која е дел од оваа поставка и како потсетник и симбол на српскиот пркос на тогашниот непријател.

На овој принтскрин од една белградска телевизија која ги пренесуваше тие концерти на Цеца кои се оддржуваа додека Натовците бомбардираа, се гледа како Цеца е насмеана со микрофон во рака, додека во долниот левиот агол се наоѓа известување за воздушната опасност од агресорите, а од десната страна грб и знаме на Белград. Тука во оваа поставка можат да с евидат и многу потресни слики од исплашени и достоинствени граѓани , кои држат крст, кои со подигнати три прсти, се веселат , но и изрушени куќи, и други потресни сцени како симбол на едно ужасно време.

Цеца никогаш не криела дека е голем патриот, а прогласувањето на воздушна опасност која не ја спречи да пее за својот народ.- Да, и баш ми е гајле! Јас сум со својот народ, ги поддржувам мојот народ своите Срби, и горда сум што сум Србинка. Не е важно кој ни се заканува, важно е што браниме. А го браниме Косово, срцето на Србија и српската земја . Ако треба сите ќе загинеме, нема да се покориме на непријателот-изјавуваше тогаш пејачката на прашање на новинар на БК телевизија кој ја праша дали знае дека пее во момент кога е прогласена воздушна опасност од прв степен.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This