3oшто млади лица починyвaaт од Koвид 19?

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Зошто младите, кои немаат други болести, умираат од коронавирус? Објаснувањето го даде д-р Даница Грујичиќ, која е дел од кризниот штаб на Србија.

Ковид-19 е најголема закана за старите лица и луѓето кои имаат некои хронични болести, но за жал, голем број млади, навидум сосема здрави луѓе починаа и од короната. Зошто тоа се случува, објасни познатата српска докторка, д-р Даница Грујичиќ како гостин на ТВ Хепи.

Како лекар, знам каде можам да очекувам компликации од моите пациенти и да се подготвам за тоа и да направам се што можам за да избегнам компликации. Тука не можам да разберам како тоа се случува кај млади луѓе, а многу млади починаа, кои наводно пред тоа биле здрави. Што е тоа што определило тие да умираат или да имаат екстремно тешка клиничка слика? Јас сум длабоко убедена дека е во прашање состојба на нивниот имунолошки систем, вели таа и додава:

Ако сега ретроспективно ги анализиравме сите тие луѓе, убедена сум дека ќе најдеме некаква форма на автоимуни болести кај нив, а тие болести, за жал, кај нас се во фаза на епидемија.

Д-р Грујичиќ посочи дека во Србија во моментов постои епидемија на кардиоваскуларни заболувања, онколошки, но и на автоимуни болести.

“Сега имате млади жени кои, по еден, два, три спонтани абортуси, сфаќаат дека имаат автоимуна болест, а една таблета е доволна за да се чувствуваат добро. Меѓутоа, луѓето се влечат по болници или никому не му кажуваат за тоа, денес имаат главоболка, утре ги боли ‘рбетот, ден потоа коленото, бидејќи ова се крајно нетипични симптоми . Јас загубата на овие млади луѓе можам да објаснам само со автоимуна болест што ја имале, а тие не знаеле за тоа. Тоа е нешто што треба да нè загрижи и за кое мораме работиме, рече таа.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This