ЦИПРАС ЌЕ “ПАДНЕ” А МАКЕДОНИЈА ЕДНОСТРАНО ЌЕ СЕ САМОУКИНЕ

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Премиерот на Грција, Алексис Ципрас очигледно не се договори со Грчката православна Црква за промените во Уставот, па започна процесот за предвремени избори за кои има четири термини.
Имено не е се во парите и бројките. Вистина е дека во Грција има над 10.000 свештеници кои се водат како јавна администрација како и дека вистина е фактот дека тие на годишно ниво земаат државна плата која го чини буџетот на земјата над 200 милиони евра.

Greek Prime Minister Alexis Tsipras gestures during a meeting with Stavros Theodorakis, leader of the political party To Potami (The River) at his office in central Athens Tuesday, June 16, 2015. Greece insisted Monday it is ready to return to bailout talks “at any moment” after a breakdown in negotiations with creditors pushed the country closer toward bankruptcy and jolted international markets. (AP Photo/Petros Giannakouris)

Меѓутоа нивнито отпуштање нема да помине така лесно.

Уставот на Грција е комплексен затоа што не е секуларен, истиот е пред и по прогласувањето од Парламентот на Грција, црковно одобрен и од грчкиот православен поглавар во име на православниот свет.

Ципрас своевремено како левичарски радикал беше првиот грчки премиер кој положи заклетва на честа, а не на црквата и кој не се појави со сопругата пред црковните достоинственици.

Со уставните измени се пофали со овој, како што го нарече, историски договор, чија цел е да ја оддели црквата од државата, меѓутоа викендов од страна на Светиот архиерејски синод на ГПЦ беа отфрлени сите договори, предлози и преговори, по што официјално Грчката православна Црква ќе побара оставка од владиниот кабинет повикувајќи се на уставот кој сама си го пишувала.
Избори во оваа ситуација се можни веднаш, како претседателот кој нема политичка моќ има само можност да правно толкување на Уставните одредби во кои стои дека Црквата е државата Грција.

Пад на владата на Ципрас најави и неговиот поранешен шеф на дипломатијата кој доби отказ а не поднесе оставка, Никос Коѕијас. Каменос сеуште го крие писмото од девет страни во кои Коѕијас открива пикантни детали за тоа како бил избркан од владиниот кабинет.

Во Атина има уште три сценарија за помеки варијанти за пад на владата на Ципрас.

Според нив доминантното сценарио е избори во мај, заедно со локалните и изборите за Европскиот парламент, а централната оска на ова сценарио е Договорот од Преспа, „кој на крајот од јануари ќе заврши во ПЈРМ и ќе помине на теренот на Грција“.

Политиколозите го споменуваат и ставот на коалицискиот партнер во грчката Влада, десничарската партија Независни Грци, дека ќе гласа против ратификација на договорот и ќе ги повлече своите министри.

Избори мора да има во октомври 2019, кога и завршува четиригодишниот мандат на Владата.

Избори се можни и во март, тоа и го најавуваат сите политички партии па и сопартијци на Ципрас, кои сметаат дека изборите би биле своевиден референдум на народот за одобрување или не на ратификација на преспанскиот договор од страна на актуелната власт, само проблем е што на тие избори Ципрас нема да освои ни мнозинство ниту можност да формира повторно владин кабинет.

Одтука прашањето е зошто Заев, Димитров и Османи инсистираа договорот во Грција да се ратификува три месеци откако тој ќе ги помине сите уставни измени и имплементирање во Македонија?

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This