ЦИРКУС ВО СОБРАНИЕ: Сестрата на Катица Јанева, од фирзерка стана директорка на Агенција за хартии од вредност

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Претседателот на Собранието Талат Џафери жестокото реагираше откако час и половина ги тераше пратениците од парламентарното мнозинство на СДСМ и ДУИ да влезат на седницата за да може да се обезбеди кворум за почеток на работата на седницата.

-Дали вие размислувате што правите или не? И должен сум вака по микрофон да ви кажувам! Си влегувате и си излегувате како сакате – им рече Џафери и воедно им порача дека ако не м се работи да поднесат оставка и друг пратеник да дојде на нивно место.

На денешната седница не дојдоа сите пратеници на власта, додека опозиционерите беа беа во парламентарната зграда, меѓутоа не влегоа во салата затоа што чекаа кворумот да го обезбеди мнозинството.

Владејачкото мнозинство ги изгласа новите членови на Агенцијата за хартии од вредност – Лиле Делиџакова, Кирил Јовановски и Зоран Колев, а беа донесени и измените на Законот за лековите и медицинските средства, на Законот за царинска управа и за градежните производи, како и предлог одлуката за општите акти на Народниот правобранител.

Нора Алити, поранешната пратеничка на ДУИ и ќерка на поранешниот амбасадор на Македонија во Бугарија и лидер на ПДП Абдурахман Алити, претседателка на КХВ

Голем дел од продолжението на 46. седницата мина во забелешки на претседателот на Собранието на Република Македонија Талат Џафери за необезбедувањето кворум и создавање услови за гласање на законите за кои претходно веќе беше завршена расправата, како и во процедуралните забелешки на координаторите на СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ Томислв Тунтев и Драган Данев. Тие меѓусебно се обвинуваа за немањето кворум и одговорноста што како пратеници ја имаат пред граѓаните во однос на работата на Парламентот.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This