Црна Гора најавува поостри мерки наредните денови

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Директорот на Институтот за јавно здравје на Црна Гора, Игор Галиќ, најави поостри мерки за време на претстојните божикни и новогодишни празници, со цел да се спречи собирање на поголем број луѓе и ширење на вирусот корона.

Галиќ, кој гостуваше на ТВЦГ, рече дека епидемијата во Црна Гора е широко распространета, со високи стапки на морбидитет во сите градови, но трендот е сепак стабилен.

Тој потсетува дека помина една недела од усвојувањето на нови епидемиолошки мерки и дека нивото на инфекција со коронавирусот е сè уште високо.

„Но, тоа ниво не се зголеми, дури се задржува или опаѓа малку. Јас би рекол дека во овој момент епидемијата е на високо ниво и на одредена клацкалка, така што развојот на епидемијата ќе зависи од следните мерки и од тоа колку ќе се придржуваме кон нив“, нагласи Галиќ.

Тој оцени дека е добро што не е забележан т.н. експоненцијален раст, односно дека за краток временски период нема поголем број нови пациенти, објави порталот РТЦГ.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This