April 27, 2024, 10:59 am

ЦРНИТЕ БАЛОНИ ГО СИМБОЛИЗИРАА ЦРНИЛОТО КОЕ ВЛАДЕЕ ВО МАКЕДОНИЈА: УМС симболично го најави крајот на црнилото во Македонија олицетворено во власта

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ денеска испушти црни балони пред владата на Република Македонија. Како што велат, црните балонија симболизираат црнилата која владее во Република Македонија. Тие порачаа дека исто како овие црни балони и оваа власт набрзо ќе си замине.

-Денес младите сме собрани тука пред Владата на Република Македонија, на симболичен, но мошне загрижувачки и сериозен начин да го изразиме нашиот револт од црното владеење на Владата на Република Македонија.

Граѓаните и младите го живеат најцрното време.

Црн период на неисполнети ветувања, големи очекувања и уште поголеми разочарувања.

Период во кој вестите се исполнети со криминал кој не се разрешува, со непотизам кој се оправдува, со црно здравство, руинирано образование и неисполнети ветувања.

Нема ниту еден проекти, не се градат студентски домови, не се намалува младинската невработеност, а нема ниту зрак светлина за младите во ова црно владеење.

Тоа мора и може да биде поинаку. За тоа да биде поинаку потребно е оваа црна власт да падне.

Ги повикуваме сите младите да ни се приклучат, да се обединиме бидејќи ова е наша заедничка битка, за нашата, за вашата заедничката иднина.

Затоа на симбочен начин ги пуштаме овие црни балони, за да ја означиме црнилата која владее во Република Македонија исто како овие црни балони и оваа власт набрзо ќе си замине, вели претседателот на УМС на ВМРО-ДПМНЕ.

 

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This