April 27, 2024, 11:14 pm

ЦРНИТЕ ФОНДОВИ НА КОЅИЈАС: Дали со пари од грчкото МНР се поткупувале македонски политичари?

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Најголемата грчка опозициска партија Нова демократија побара од грчката Влада да ги објави сите податоци што ги поседува за располагањето со тајните фондови.

 

Како што јави МИА од Атина, во соопштение под наслов „Ципрас, Каменос и Коѕијас да ги објават нивните доверливи тајни“, партијата нагласува дека она што го пишуваат медиумите во врска со раководењето со тајните државни фондови е важно политичко прашање.

– Господинот Каменос кој го обвини господинот Коѕијас за нетранспарентност во располагањето со доверливите фондови на Министерството за надворешни работи, треба уште денеска да ги објави сите податоци што ги има. Како и господинот Коѕијас, кој очигледно неслучајно побара да се проверат средствата со кои раководи Каменос како министер за одбрана. Управувањето со државните фондови не се однесува само на рамнотежата во Владата и на меѓусебно уценетите нејзини лидери, туку и на целото грчко општество. Владата и лично Ципрас треба на граѓаните да им дадат јасни одговори, се наведува во соопштението на Нова демократија.

Интересно е што опозицијата во Грција во неколку наврати ја обвинуваше владата на Ципрас дека со државни пари поткупувала функционери во Македонија за да помине Договорот од Преспа. Имено најсомнителна беше зделката со Анѓушев кој својата компанија ЕДС ја продаде на грчкото електростопанство за 4.8 милиони евра неколку недели пред да биде потпишан Договорот од Преспа. Компанијата на Анѓушев на берзата немала никаква вредност, а грчкото електростопанство било пред банкрот, но покрај овие факти одвоило 4.8 милиони евра.

Нова Демократија сега по оставката на Коѕијас обвинува за негова злоупотреба на тајните фондови на министерството за надворешни. Останува отворено прашањето дали парите од грчкото МНР се користеле за подмачкување на политичари и државни функционери во Македонија!

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This