ЦРНО МУ СЕ ПИШУВА НА БЕЈЛИ: „Бомба“ од Вашингтон – Републиканските лидери во писмо побараа истрагата за Бејли да ја води лично Рекс Тилерсон!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Републиканските конгресни лидери испратиле писмо до Државниот Секретар Тилерсон денес (вторник) барајќи да се започне со истрага во врска со обвинувањата дека администрацијата на Обама била вмешана во изборните циклуси во повеќе земји

potpisi

 

Конгресмените откриваат дека имали разговори со странски претставници, од кои многумина ги потврдиле обвинувањата дека администрацијата на Обама активно се мешала во избори во странски држави во Европа, Латинска Америка и Африка.

„Загрижува тоа што ваквото однесување стана стандардно за многу од нашите амбасади, хуманитарни мисии и дипломатски претставништва низ целиот свет“, се вели во писмото. „Бараме со вашиот авторитет да го истражите случајот и сите средства кои се распоредени за промоција на демократијата и владеење, како и рецензија на програмите, сметките и мноштвото активносите преземени од претставништва на САД кои биле вмешани во вакви активности“.

Во писмото до Рекс Тилерсон, Републиканското лидерство исто така изразува загриженост поради обвинувањата дека парите на даночните обврзници на САД биле празнети од Стејт Департментот во „либерални“ оганизации, како оние на Џорџ Сорос и користени во странски кампањи.

 

 

[kopa_block_quote class=”e.g. kopa-blockquote-1, kopa-blockquote-2″]

“Почитуван Секретар Тилерсон:

Честитки на вашиот неодамнешен избор за Државен Секретар. Со нетрпение очекуваме да работиме со вас, на бројните предизвици во надворешната политика со кои се соочува нашата нација, во наредните години.

Како што сте веќе запознати, Македонија е закочена во процесот на формирање на коалициска влада по изборите одржани во Декември 2016. За жал, добивме основани извештаи, дека во последните неколку години, мисијата на САД таму активно се вмешувала во партиската политика на партиите, како и во обликување на медиумската сфера и граѓанското општество, често фаворизирајќи ги левичарските политички групи. Според нас, овие извештаи се обесхрабрувачки, и ако се вистинити, многу проблематични.

Неодамна испративме неколку писма до амбасадорот на САД во Македонија со барање за изјаснување за улогата на мисијата на САД во Македонија во распоредувањето на помошта од САД во Македонија,  во продолжениот бурен политички живот во Македонија, и во обликувањето на медиумската сфера и граѓанското општество. Одговорите кои ги добивме не ги отстранија нашите сомнежи.

Голем дел од сомнитената активност во Македонија била прикривана преку доделување на средства од УСАИД во фондовите на Сорос. Како приматели на голем број на грантови во служба како подизведувач на УСАИД за имплментирање на проектите во оваа мала нација од 2.1 милион луѓе, парите на нашите даночни обврзници овозможиле на фондацијата Отворено општество Македонија да форсира прогресивна агенда и да ја зајакнува политичката левица. Нашата странска помош треба да биде користена за промоција на политичка агенда само ако е во корист на безбедносните или економските интереси на нашата земја, дури и ако е така, мораме да бидеме внимателни и со почит да се впуштиме во таков предизвик. Мораме да бидеме особено внимателни во промоцијата на политики кои се контроверзни дури и во нашата земја и кои имаат потенција да ги нарушат нашите односи со граѓните од државите приматели на помошта.

Овој проблем не е лимитиран само во Македонија, односно следи одредена шема на алармантни активности во овој бурен регион. Голем број на лидери од Албанија имаат слични поплаки по однос на дипломати од САД и организации поддржани од Сорос кои форсираат одредени политички агенди во нивната земја. Фондацијата Отворено општество – Албанија и нивните експерти биле финансирани од УСАИД, ја креирале контроверзната Стратегија за Албанска Правосудна реформа. Некои од лидерите веруваат дека овие „реформи“ имаат за цел да му дадат на Премиерот и владата предводена од левичарите потполна контрола над правосудството.

Дестабилизирачките ефекти од ваквите активности во земја членка на НАТО се јасна закана за понатамошна ескалација, имајќи во предвид дека Албанија ја очекуваат парламентарни ибзори подоцна ова година. Ова е особено загрижувачки во светло на меѓународните извештаи за зголемена владина корупција во Албанија и обновените сили на шверцот со дрога и групите со организиран криминал.

Со овие и други ситуации, вознемирувачко е што ваквото однесување по се изгледа е преточено во нормално во многу други наши амбасади, хуманитарни мисии и дипломатски претставништва низ целиот свет. Повторно, странски лидери го посетуваат Вашингтон и ја истакнуваат нивната загриженост на нас за тоа како се трошат парите на даночните обврзници на САД, контрапродуктивно во нивните земји. Ситуацијата во Албанија и Македонија се само пример за ова, но слушнавме и за слични ситуации нации во Латинска Америка и Африка.

Со почит, бараме да го искористите вашиот авторитет и да ги истражите каде се трошени парите за промоција на демократијата и владеењето, да се преиспитаат програмите, сметките и мноштвото на претставници на САД вклучени во вакви активности. Мораме да го искористиме овој критичен момент – на почетокот на новата администрација – да преиспитаме како се трошат парите на нашите даночни обврзници со цел да ги запреме активностите кои предизвикуваат политичка нестабилност, не го почитуваат националниот суверенитет и грѓанското општество и на крајот ги подриваат нашите напори да изградиме полезни меѓународни релации. – стои во писмото испратено до Државниот секретар Рекс Тилерсон

[/kopa_block_quote]

 

pismo_kongresmeni (1)

 

 

pismo_kongresmeni (2)

8 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This