ЦУК бара итно прогласување на kpизна состојба на јужната и северната граница

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Групата за процена на Владата предлага да се донесе одлука за постоење кризна состојба на јужната и северната граница на државата заради заштита на јавното здравје од илегална миграција.

Ова е заклучокот од денешната седница на Групата одржана преку видеоконференциска врска.

На седницата, раководителот на Групата за процена, Стојанче Ангелов, отвори дискусија за проценување на состојбата и утврдување на потребата за продолжување на кризната состојба на дел од територијата на државата.

Групата за процена му предлага на Управувачкиот комитет за координација во Системот за управување со кризи, Владата на Република Македонија да донесе одлука за постоење на кризна состојба на дел од територија на Република Македонија и тоа на подрачјата на јужната и северната граница на Република Македонија и заради заштита на јавното здравје од илегална миграција во услови на постоење на пандемија прогласена од Светската здравствена организација за вирусот „SARS-CoV-2“ и спречување од негово ширење, со кои се загрозува безбедноста, здравјето и имотот на населението, наведува ЦУК.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This