Цуцуловски: Овие луѓе се од друга галаксија

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Професорот, Љубомир Цуцуловски на Фејсбук ги коментираше последните случувања со оставката и неприфаќањео на оставката на Венко Филипче по големата трагедија во Тетово во која загинаа 14 лица.

Цуцуловски коментира дека лицата во власта се однесуваат како да се од некоја друга неименувана галаксија.

-ПРИЧИНИ И ПОВОД. Дали овие суштества од власта ја прават елементарната, школската разлика помеѓу поимите ‘причина’ и ‘повод’ за одреден настан, гест или безусловна оставка? Можеби ја прават, меѓутоа се однесуваат како да не се оттука, како овде, во светот, да се нашле случајно, паднати од некоја сѐ уште неименувана мета галаксија. Зарем, на пример, не чуле дека е смешно, дури и неуко да се смета дека причина за Првата светска војна е атентатот во Сараево, кој не бил ништо друго освен само п о в о д да се започне Војната. Меѓутоа, причините за нејзиниот почеток биле бројни и само се чекала последната/иницијална капка (значи, п о в о д о т!) во преполнетата чаша. И, според тоа, зарем не сфаќаат дека трагедијата во Тетово е само конечниот повод да се дадат безусловни оставки, бидејќи во здравството постојат, како што и постоеја бројни п р и ч и н и не само за оставки, туку и за неповратни р а з р е ш у в а њ а. Истото важи за целата власт/Влада, како и за нејзините неми, безусни и мекотелни придружници.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This