Цeл cвeт peaгиpa нa oпacнocтa нa бpитaнcкaтa myтaциja, caмo Филипче cпиe и чeкa дa зeмe зaмaв

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Владата нема намера да воведе нови мерки за спречување на ширењето на коронавирусот и покрај тоа што британската мутација е веќе присутна во Македонија со значителен број на случаи.

Министерот за здравство Венко Филипче вчера за медиумите изјави дека засега нема потреба од такво нешто и секако неизбежното „се е под контрола“. Додека САД и Европа се во паника поради појавата на оваа мутација и сметаат дека е поопасна и дека треба да се заострат мерките, Филипче и владата спијат како по навика и глумат дека се е во ред. Не ги загрижува ниту тоа што експертите сметаат дека оваа мутација ќе стане најзастапена во светот, па и во Македонија.

Така на пример, главниот американски епидемиолог Ентони Фаучи изјави дека оваа мутација е поопасна и побрзо се шири и дека потребно е заострување на мерките за да се спречи.

– Неодамнешното истражување од Велика Британија покажа дека оваа мутација може да биде нешто посмртоносна во смисла дека ги прави луѓето повеќе болни и може да стане доминантна бидејќи се чини дека е многу ефикасна во ширењето од лице на лице. Единствениот начин да се спречи мутациите да станат доминантни е да се запре нивното ширење со почитување на мерките за заштита на јавното здравје и вакцинирање што е можно повеќе луѓе што е можно побрзо, рече Фаучи.

Штета што САД го немаат Венко Филипче, па да им објасни како без вакцини и без посебни мерки ќе се спречи ширењето на британската мутација. За разлика од македонските власти кои не делуваат загрижено по здравјето граѓаните, во Словачка не само што ги заоструваат мерките, туку и голем број на општини не ги отвораат училиштата, токму за да се спречи ширењето на британската мутација.

Покрај Словачка, далеку поразвиени земји со врвни здравствени системи како Норвешка, Шведска, Германија, Данска и многу други воведоа низа мерки, како и претпазливост на границите и аеродромите особено кон патници од земји каде е детектирана британската мутација. Но, така работат сериозни власти кои се грижат за здравјето на граѓаните и за сопствената држава. Во Македонија нема ниту задолжителен ПЦР тест при влез во државава, камо ли други мерки. Може кој било да влезе и доколку е заразен слободно да ја шири мутацијата. И што е најтрагично, само ние немаме почнато со масовна вакцинација, како најважна мерка за спречување на корона вирусот.

Немаме нови мерки, немаме вакцинација, ама затоа регистрирани досега се 56 нови случаи од британската мутација и еден починат пациент. А дека треба да има причина за загриженост покажува и неделниот извештај на Институтот за јавно здравје во периодот од 1 до 7 февруари, кој покажа дека има зголемување од 4,1% на позитивните случаеви во однос на минатата недела, што укажува на можна појава на нов бран, а вакцинација не е ниту на повидок следниве најмалку две недели. Ова е и тоа како причина за загриженост, но за жал оставени сме сами на себе.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This