Со тројца починати во последните 24 часа, вкупно во земјата од последици на КОВИД-19 починаа 500 граѓанки и граѓани.
Министерството за здравство соопшти дека минатото деноноќие се направени 689 тестови, а регистрирани се 74 нови случаи на коронавирус.
Починаа 44-годишен скопјанец, пациент од Битола (73) и пациент од Демир Хисар (73). Министерството кусо додава дека сите пациенти се починати во болнички услови, без да каже за кои болници станува збор.
Нови случаи на ковид-19 се регистрирани во: Скопје-14, Куманово-8, Штип-13, Струга-1, Кавадарци-3, Гостивар-22, Кочани-1, Берово-3, Виница-4, Свети Николе-3, Кичево-2.
На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се 4 пациенти. Вкупно се хоспитализирани 92 пациенти. На кислородна поддршка се 48 пациенти, 1 на механичка вентилација.
Во Градската општа болница (ГОБ) „8 Септември“ примени се 7 нови, вкупно хоспитализирани се 95 пациенти. На респираторна машина се 4 пациенти.
Во болницата во Козле се хоспитализирани 10 возрасни пациенти позитивни на ковид-19 и 3 деца позитивни, како и 7 пациенти суспектни на вирусот.
Во болницата во Битола се хоспитализирани 26, а во болницата во Штип се хоспитализирани 50 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар, Струмица и Струга се хоспитализирани 114 пациенти – позитивни и сомнителни на ковид-19.