Цpнoмopcкaтa флoтa гo cлeди движeњeтo нa амepикaнcкиoт paзypнyвaч

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Американскиот разурнувач „Портер“ вооружен со крстосувачки ракети вплови во Црното Море, пренесуваат странските агенции.

Неговите движења ги следат силите на руската Црноморска флота, соопшти Рускиот национален центар за управување со одбраната.

„Силите и средствата на Црноморската флота почнаа да ги надгледуваат дејствијата на разурнувачот ’Портер’ на морнарицата на Соединетите Американски држави, кој на 30 октомври 2021 година навлезе во водите на Црното Море“, соопшти Центарот кој е во состав на Министерството за одбрана на Русија.

Претходно американската морнарица соопшти дека штабовите на Шестата флота на американската морнарица и ударните поморски сили и силите за поддршка на НАТО започнуваат со операции во Црното и Средоземното Море.

Штабот на Шестата американска флота се наоѓа во италијанскиот град Неапол, од каде е организиран целиот спектар на воено – поморски операции.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This