ЦPHA ПPOГНОЗА: Во Италија за 24 часа пoчинaa 712 луѓе, здpaвствените власти предупредувaaт – ова уште не е врвот на епидемиjaта

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Италија се уште не го достигна врвот на заразата со коронавирус, изјави денеска шефот на националниот здравствен институт, откако во земјата за 24 часа беа потврдени 6.150 новозаразени и 712 смртни случаи.

– Не го достигнавме врвот и не сме го минале, изјави Силвио Брусаферо на прес-конференција. Сепак, тој дополни дека има знаци на забавување на бројот на новозаразени, што упатува на тоа дека врвот (пикот) не е далеку и оти може да дојде до опаѓање на трендот.

– Кога ќе почне опаѓањето брзината ќе зависи од нашето однесување, потенцираше Брусаферо.

Во Италија досега се евидентирани 80.539 случаи на заболени од коронавирус, од кои 8.216 завршиле фатално.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This