ЧАШУЛЕ: Заев на Бугарите даде споменик, на Грците јазикот, а на Дојранчани суви чешми

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Вчера во емисијата „Седмица“ на телевизија Алфа водителот Чашуле посочи дека Зоран Заев на брдото кај Дојран им обнови споменик на Бугарите.

„Зоран Заев не само на Бугарите им даде споменик, туку и самиот се фали и раскажува како на паркингот во Дојран со Ципрас договарал детали околу македонскиот јазик. Како да го вметнеле во Преспанскиот договор. За Бугарите споменик, за Грците јазикот, а на Дојранчани суви чешми“, посочи Чашуле.

Чашуле додаде дека оваа власт не мрдна со прст, не пушти вода во Дојран, не ја направија ниту станицата. Македонија се повеќе наликува на Африка бидејќи нема вода за пиење по некои градови, а сето тоа се случува поради негрижата на оваа власт за граѓаните.

„Но всушност што и да се очекува од овие? Имаат поважни работи на агендата. На пример во најстрогиот полициски час, во екот на епидемијата со корона вирусот, кога луѓето живеат со страв, а некои умираат , градоначалникот кој инаку е од редовите на СДСМ реши со брусалица да го тргне сонцето од Кутлеш од плоштадот“, нагласи Чашуле.

Чашуле образложи дека градоначалникот на Крива Паланка се обидел да се одбрани со тоа што рекол дека не било во ред граѓаните да го газат, за да на крај се испостави дека наредбата дошла директно од Илинденска. Но не само за Крива Паланка, оваа наредба била и за другите општини.

„Срамно е до каде стигна оваа слепа послушност кон Заев и неговите антимакедонски политики“, рече Чашуле.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This