ЧЕПРЕГАНОВ: Кога потпишувате договор треба да барате и да заштите нешто свое, а двата потпишани договори се тотално асимeтрични и на штeта на Македонија“

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Јас сум Македонец и имам колективна меморија што ме разликува од другите, посебно Бугарите. Ние со Бугарите немаме заедничка колективна меморија и затоа не може нивното барање за заедничка историја да помине.

Секој народ има своја колективна меморија и врз база на тоа ја прави својата историја, изјави професорот по историја Тодор Чепреганов во емисијата Само вистина на Канал 5. Тој вели дека она што Захариева зборува дека нема идентитетски прoблем, тој би сакал таа да каже дека македонскиот народ постои цело време низ историјата, а не од 1945 година или како што велат од 1990 со формирањето на независна Македонија и дека Македонците се форма на Тито.

„Сега се наговестува дека политиката ќе биде таа која ќе ургира и ќе го има главниот збор, а комисиите само да именуваат. Моја претпоставка ќе биде дека Гоце Делчев и сите peволуционери ќе ги направат и малку Бугари и малку Македонци, затоа што како што велат полтичарите мора да се најде решение. Но политичко решение никогаш не е историско решение. Тоа е политичко со краток век на траење.“ потенцира Чепреганов.

Тој нагласи дека тие учебници кои ќе бидат публикувани на тој начин ќе бидат фpизирани и уште поголемо зло од тоа што го направиле комунистите.

Кога потпишувате договор треба да барате и да заштите нешто свое. Двата потпишани договори се тотално асимeтрични и на штeта на Македонија“ истакна Чепреганов

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This