ЧЕСТИТКИ И ОД ИВАНОВ ЗА ФУДБАЛЕРИТЕ: Вардар ја обедини нацијата, сега слави цела Македонија!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов им ја честита победата и пласманот во Лигата на Европа на фудбалскиот клуб „Вардар“.

– Ви ја честитам победата, историскиот успех на екипата на ФК Вардар и пласманот во групната фаза од Лигата на Европа, што е најголемо постигнување за македонскиот клупски фудбал. Честитки до фудбалерите, целиот стручен штаб и до раководството на ФК Вардар. Вие со вашата мотивираност, дисциплина, желба и тимски дух покажавте дека може да се успее и да се совладаат најголемите предизвици. Вие сте позитивен пример за сегашните и идните генерации. После ракометарите и ракометарките на Вардар, повторно екипа која го носи ова славно име, ја обедини нацијата и спортската јавност. Сега слави цела Македонија. Напред Вардар, се вели во честитката.

Од Кабинетот на претседателот Иванов информираат дека македонскиот претседател синоќа во Охрид, заедно со учесниците на Школата за млади лидери, го проследил натпреварот меѓу ФК Вардар и Фенербахче.

7 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This