ЧЕТИРИ ЛИЦА ДНЕВНО УMИPAAT ПОРАДИ ЗАГАДЕНИОТ ВОЗДУХ: Скопјани на протест под слоган „Mpтвo општество, не!“

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Протест во организација на иницијативата „Kaнцepoгeнo општетство“ беше одржан денес пред Собранието во Скопје. Од протестот, кој се организираше преку цосијалните мрежи, се упатија пораки дека „Четворица дневно умpaaт чекајќи чист воздух“ и „Ставете налепници на тешката индустрија“.

Акивистите побараа Владата и институциите да престанат со таканаречените решенија против загадениот воздух кои дирекно удираат по џебот на најсиромашните, а крупните капиталисти и најголемите загадувачи остануваат недопрени. Тие побараа свикување итна владина седница поради алармантната состојба со квалитетот на воздухот и вклучување експерти за решавање на проблемот.

Како што рече Кристијан Узунов од иницијативата „Kaнцepoгeнo општество“, еден од најголемите причинители за рана смрт е дишење неквалитетен воздух, а јавни дебати околу квалитетот на воздухот во Македонија скоро и нема.

Бараме Владата да ги употреби сите средства за справување со овој проблем и претставници од граѓанскиот сектор да се вклучат во надлежните контроли за големите загадувачи, истакна Узунов и додаде дека никој не смее да си игра со нашето здравје.

Според Давор Врговиќ, исто така активист во „Kaнцepoгeнo општество“, барањата на граѓаните треба да се надополнат и подобрат од страна на експерти.

Очекуваме некој од Владата да не прими и да не сослуша. Останува да видиме како ќе одговорат на нашите барања. Потоа, дополнително ќе утврдиме како би дејствувале понатаму, изјави Врговиќ за МИА.

Протестот беше закажан и на социјалните мрежи под слоганот „Mpтвo општество, не!!!“.

 

Posted by Kristijan Uzunov on Friday, January 25, 2019

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This