ЧЕТИРИ ЧАСА ВО ЧЕТИРИ ОЧИ: За што разговараа Путин и Меркел на денешната средба

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Рускиот претседател Владимир Путин изјави по состанокот со германската канцеларка Ангела Меркел дека Русија го цени одговорниот став на Германија за поддршка на завршувањето на проектот „Северен тек 2“ .

„Русија и Германија имаат голем број на заеднички проекти во областа на енергетиката. Ние високо го цениме одговорниот став на германската влада и поддршката за добро познатиот проект „Северен тек 2“ “, рече Путин, оценувајќи дека средбата со германската канцеларка била многу значајна и корисна.

Според него, Русија ќе успее да го изгради гасоводот „Норд тек 2“ без странски партнери, само треба да постави краен рок за завршување на оваа работа.

„Во првиот квартал од следната година ќе се заврши „Северен тек 2“, и тој ќе биде пуштен во употреба“, рече Путин.

Германската канцеларка на заедничката прес-конференција со рускиот лидер рече дека гасоводот „Северен тек 2“ мора да биде завршен без оглед на caнкциите наметнати од САД. Таа истакна дека Германија ќе продолжи да го поддржува проектот, велејќи дека американските caнкции се погрeшен потег.

„Секако, разговаравме за проектот „Северен тек 2“. Новото европско законодавство му даде легитимност; Германија и другите европски земји имаат корист од „Северен тек“. Сите се заинтересирани за диверзификација на испораките на гас, но ова е многу важен проект “, изјави Меркел пред новинарите.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This