ЧЕШКА ВТОР ПРОТИВНИК НА МАКЕДОНСКИТЕ РАКОМЕТАРИ: Македонија попладнево од 16 часот против селекцијата на Чешка ќе го одигра вториот напревар на Европското првенство

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Најдобрата ракометна репрезентација на Македонија попладнево од 16 часот против селекцијата на Чешка ќе го одигра вториот напревар на Европското првенство во Австрија, Шведска и Норвешка.

По минималниот триумф над Украина во стартниот меч од групата Б во Виена македонските ракометари попладнево се пред нов предизвик на еврошампионатот, во 2 коло ги очекува ранетата селекција на Чешка која во првото коло загуби од домаќинот Австрија и сега е без право на грешка.

Но, црвено жолтите по денот одмор искористен за тренинг и анализа на првиот дуел со подршка од фалангата во арената Штадхале очекуваат добра игра и резултат и против стариот должник Чешка. Играта во одбрана против најдобриот cтрeлeц од минатото Европско, капитенот на Чешка, Ондреј Здрахала е клучна за конечниот исхор на средбата. Воедно избраниците на Брестовац денеска не смеат да се дозволат пaд на концентрацијата како на мечот со Украина во решавачката делница од дуелот со квалитетната Чешка.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This