Чешка ќе ги тестира сите основци и средношколци за ковид

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Учениците од сите основни и средни училишта во Чешка ќе бидат тестирани за корона вирус, соопшти денеска министерот за образование Роберт Плага.

Тој објасни дека 1,4 милиони ученици ќе бидат тестирани во два круга на 22 и 29 ноември.

Чешка со денови бележи повеќе од 10.000 новозаразени коронки со вирусот, а препорака за масовно тестирање на децата дадоа медицински експерти. Брзи тестови ќе бидат дистрибуирани низ целата земја од страна на пожарникари, јавува Танјуг.

Министерот за здравство Адам Војтех најави разговори меѓу членовите на владата во заминување и опозицијата, која ќе формира нова влада, за дополнителни мерки против пандемијата Ковид 19.

„Клучно е да сме обединети“, рече тој, додавајќи дека двата тима се согласуваат дека вакцинацијата е важна.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This