Чичаковски: Партиите итно да престанат со инцидентите, а надлежните да ги расчистат

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Претседателот на Државната изборна комисија (ДИК) денеска упати апел до политичките партии итно да престанат со сите инциденти и порача дека насилството може само да донесе штета на кандидатите, на партијата, на изборниот процес и на државата.

– Државната изборна комисија најостро ги осудува сите досегашни инциденти во пресрет на локалните избори што ќе бидат одржани на 15 октомври. Тие го нарушуваат демократскиот амбиент и изборниот процес во Република Македонија, и треба да престанат, изјави денеска Чичаковски.

– Секое насилство, инцидент, непочитување на политичките опоненти во изборниот процес, е спротивно на кодексот, на законите, правилата и прописите на Република Македонија кои се релевантни за изборите, изјави Чичаковски.

Во име на ДИК, ги повикува надлежните институции да ги расветлат немилите инциденти и да ги казнат сторителите, а сите политички партии да придонесат кон смирување на страстите, да влијаат на своите членови и кон спречување на какво било идно насилство или инциденти.

– Насилството никогаш не е решение! Тоа не му помага на никого, и може само да донесе штета на кандидатите, на партијата, на изборниот процес, на државата. Уште еднаш апелираме кон итно престанување на сите негативни појави, кон почитување на противкандидатите и кон фер и демократски избори. Избори се победуваат на 15 октомври со јасно изразена воља на граѓаните, со голема излезност и индивидуално право на секој граѓанин да гласа за оние кандидати кои смета дека се најдобри, а не со насилство, изјави претседателот на ДИК.

5 КОМЕНТАРИ

Latest News

Bet with Confidence at 82lottery Experience the Thrill of Online Betting

Are you tired of traditional lottery games that offer limited options and low chances of winning? Look no further,...

More Articles Like This