April 26, 2024, 10:22 am

Членови на Владата се вакцинираат, додека граѓани над 40 години peволтирани, реагираат бидејќи не добиле термин

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Додека здравствените власти велат дека сите оние кои се заинтересирани за вакцинирање постари од 40 години добиле термин за првата доза на вакцина против ковид, голем број граѓани се незадоволни, бидејќи не добиле термин иако се пријавиле онлјан во текот на април.

Властите велат дека ќе најдат решение и дека техничките проблеми не треба да ја спречуваат подготвеноста на граѓаните да се вакцинираат.

Не само во Скопје, и во другите градови, луѓето над 40 години не добиле термини за вакцинација. Од Министерството за здравство велат дека тоа ќе се случи во рок од 3 дена.

Во меѓувреме, прес службата на Владата испрати соопштение до медиумите дека на пунктот во спортската сала „Борис Трајковски”, ќе се вакцинираат следниве членови на Владата на Република Македонија:
Фатмир Битиќи – заменик-претседател на Владата задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции,
Никола Димитров – заменик-претседател на Владата задолжен за европски прашања Бујар Османи – министер за надворешни работи,
Бојан Маричиќ – министер за правда,
Фатмир Бесими – министер за финансии,
Крешник Бектеши – министер за економија,
Горан Милевски – министер за локална самоуправа.

По примањето на вакцината најавена е и изјава за медиумите на заменик-претседателот на Владата задолжен за европски прашања – Никола Димитров и министерот за правда Бојан Маричиќ на платото пред вакциналниот пункт.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This