ЧУДНА БОЛЕСТ ГИ НАПАЃА АМЕРИКАНСКИТЕ ДИПЛОМАТИ: Мистериозна болест ги напаѓа американските дипломати ширум светот, слушаат чудни звуци

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Американскиот Стејт департмент повлекол уште најмалку двајца Американци кои се разболеле во Кина откако почнале да слушаат чудни звуци, пишува „Њујорк тајмс“. Стејт департментот не бил веднаш достапен за коментар за двата најнови случаи.

Лекарски тим отпатувал во кинескиот град Гуангжу за да ги прегледа дипломатските претставници од американскиот конзулат и нивните семејства, пишува њујоршкиот дневен весник.

Досега 24 дипломати и членови на нивните семејства кои работеле на Куба и една вработена во Кина забележале невообичаени симптоми на чуда болест, објави претходно Стејт департментот. Нивните симптоми се слични на оние од потрес на мозокот или помали мозочни оштетувања.

Државниот секретар, Мајк Помпео, во вторникот објави соопштение во кое се вели дека Стејт департментот формирал работна група со цел да се реши прашањето за необјаснетите здравствени инциденти.

„Уште не е утврдена точната природа на проблемот од кој патат нашите дипломати, односно не се знае дали проблемите кај сите се предизвикани од исти причини“, посочи Помпео.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This