ЧУДОТВОРЕЦ И СПАСИТЕЛ – ПОБАРАЛЕ СПАС ОД СВЕТИ ВАСИЛИЈ И СЕ СЛУЧИЛО ЧУДО: Тешко болното момче (3) го одвеле на ОСТРОГ – детето тргнало кон моштите а мајката слушнала глас

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

За Војин Марковиќ 2006. година, била фатална. Ова момче од Варварин имало три години кога му била дијагностицирана акутна лимфобластна леукемија која е типична за возрасни.

Неговото семејство вели дека болеста е откриена сосема случајно и дека ништо не наслутувало дека безгрижното детство на Војин ќе се претвори во ужас. Неговата мајка Даниела Марковиќ вели дека ова биле најлошите денови за нивното семејство.

“Не можев да се помирам со фактот дека мојот син беше единец е болен, направивме се што можеме за да го излечиме Војин. Една година бевме во Белгра дна лекување”, вели Данијела.

Сепак, оваа приказна почнува многу порано. Една година, пред да откријат дека нивното дете е болно, Млаѓан и Даниела и нивниот син тргнале на море во Црна Гора и одлучиле да свратат во манастирот Острог кога ќе се враќаат.
Кога стигнале до манастирот во дворот имало огромна навалица, па Даниела и Млаѓан одлучиле дека е подобро да дојдат друг пат, бидејќи Војин тогаш бил двегодишно бебе а било и премногу топло.

Неколку месеци подоцна, нивниот син Војин се разболува и тргнува на лекување во Белград, а прогнозата е, како што кажува мајката на Војин, биле обесхрабрувачка за семејството. Семејството на Војин нагласува дека во Белград, во Институтот за мајка и дете, Војин го третирале најдобрите лекари и дека биле бесконечно благодарни. Семејството Марковиќ решава да оди во манастирот Острог, а последната надеж и молитва ја упатуваат до Свети Василиј Острошки.

“Мојот сопруг и јас се согласивме да одиме во Острог. Слушнавме разни приказни за излекување на болните и чудотворноста на овој светител. Врнеше и се сетив дека имавме многу проблеми да стигнеме до манастирот. Војин имаше три години а ние никогаш не бевме пред тоа во овој манастир. Во еден момент Војин го зеде татко муза рака и го одведе до моштите на Свети Василиј Острог.

“Јас останувам сама, и по неколку минути – две го гледам Војин ме фати за рака и ме води низ толпата. Изненадена сум што моето дете така реагира,иако никогаш порано не бевме тука порано, убаво му објаснам на Војин дека треба да чекаме во редот.

Тогаш една жена дојде кај мене и рече дека Војин ‘го вика Свети Василиј Острог’, а потоа сите не пропуштија да поминеме”, вели Даниела.

Мајката на Војин тогаш се заколнала пред острошкиот светец.
“Во делот каде што се моштите, Војин, мојот сопруг Млаѓан и јас, како и една жена во инвалидска количка. Монахот ни чита молитва за здравје, а јас тогаш се заколнав дека нашата приказна кога тогаш ќе ја чуе цел свет”, вели Даниела.

Недолго по враќањето од Острог, поточно три месеци подоцна, дијагнозата на Војин во Институтот за мајка и дете се подобрува. По осум месеци интензивно лекување, Војин е сосема здрав. Денес, покрај Војин, ова семејство е побројно за уште еден член, сестрата на Војин, Дуња. Војин се занимава со фудбал и оди во средно училиште.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This