ЧУЛЕВ ДО ПОЛИЦИСКИТЕ СЛУЖБЕНИЦИ: Колеги, Ви благодарам за вашиот придонес во надминување на оваа состојба

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Владата на денешната седница донесе одлука со која oд утре целосно престанува да важи Одлуката за ограничување на движењето на граѓаните, соопшти министерот за внатрешни работи Наќе Чулев.

– Благодарeн сум на граѓаните за високото ниво на одговорност и свесност кои ги покажаа во изминатиот период.

Благодарам и на полициските службеници и на сите вработени во Министерството за внатрешни работи за професионалниот и одговорниот пристап во обезбедување на здравствената сигурност на граѓаните.

Силно апелирам до граѓаните да ги почитуваат препораките и мерките за употреба на заштитна опрема кои се насочени кон заштита на нивното здравјето, вели Чулев.

Чулев упати благодарност и до неговите колеги, полициските службеници, за се што направиле овие 67 денови за државата.

– Почитувани колеги сите изминати 67 денови уште еднаш докажавме дека припадниците на полицијата се чесни, одговорни и посветени професионалци кој ја сакаат својата земја и својот народ.

Вашата работа е составена од изенадувања и предизвици, за жaл најчесто негативни, а ваша обврска е секогаш подготвено и решително да одговорите на нив. Горд сум што можам да констатирам дека заеднички успеавме да го совладаме еден од најсериозните предизвици во поново време. Успеавме да го заштитиме здравјето и животот на граѓаните.

Ви благодарам за се што направивте за нашата држава. Јас како министер сум неизмерно благодарен за вашиот придонес во надминување на оваа состојба, додава Чулев

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This