ЧУЛЕВ ДО ЈАВНОСТА: Полициjaта спроведува контpoли, приjaвете доколку некој не ги почитyва владините препораки

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Министерот за внатрешни работи, Наке Чулев, на својот фејсбук профил ги сподели преземените мерки против оние лица кои не ги почитуваат владините препораки за спречување на ширењето на корона вирусот.

Во текот на попладневните часови полициски службеници на Секторите за внатрешни работи во Охрид и Куманово во соработка со Државниот пазарен инспекторат спроведоа акциски контроли за контрола на почитување на одлуката на владата која се однесува на работењето на угостителските објекти, казината и обложувалниците.

👮 Полициските службеници од СВР Куманово, на територија на општина Куманово спроведоа контроли во вкупно 40 угостителски објекти

👮 Полициски службеници од СВР Охрид на територија на општина Струга спроведоа контроли во вкупно 23 угостителски објекти, 5 казина и 4 спортски обложувалници и на територија на општина Кичево спроведоа контроли на 60 угостителски објекти, 8 казина и 12 обложувалници.

✅ Кај ниту еден од контролираните објекти не е констатирано опстапување при спроведување на одлуката на владата.

🗣️ Апелирам до граѓаните да ги почитуваат одлуките и препораките донесени од страна на владата и сите отстапки поврзани со оваа и останатите одлуки на владата, а кои повлекуваат кривична одговорност да ги пријавуваат на телефонскиот број 192.

Понатаму додава:

☑️ Во текот на денешниот ден полициските службеници во координација со Државниот пазарен инспекторат на територија на општина Охрид спроведоа контроли во 71 угостителски објект, 8 казина и 9 спортски обложувалници, при што е констатирано дека сите, без исклучок ги почитуваат мерките и одлуките на владата.

☑️ Секторот за внатрешни работи од Струмица во континуитет спроведува мерки за контрола на угостителските објекти, казината и обложувалниците.
❗ Во текот на викендот, по претходно добиени сознанија извршена е контрола во угостителски објект во Василево, при што констатирано е дека истиот работи и не се почитува одлуката на владата. Преземени се соодветни мерки за затворање на објектот и доставено е известување до надлежен јавен обвинител.

Latest News

Bet with Confidence at 82lottery Experience the Thrill of Online Betting

Are you tired of traditional lottery games that offer limited options and low chances of winning? Look no further,...

More Articles Like This