ЧУЛЕВ ИМ КАЖА НЕ НА МИГPAHТИТЕ: Македонија целосно ќе ја затвopи јужната граница за мигpaнти

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Министерот за внатрешни работи Наќе Чулев од Тетово каде што беше во посета на Секторот за внатрешни работи истакна дека во насока да се спречи нов мигрантски бран ќе се затвори целосно јужната граница.

Министерот оценува дека има подготвеност за таква постапка.

-Македонија е во постојана комуникација и со ФРОНТЕКС и со нашите партнери од Европската унија. Македонија дефинитинво ќе ја затвори граница и ние имаме капацитети во однос на претходата мигрантска криза и сега сме многу подобро подготвени. Имаме и партнерски полицајци во заеднички патроли на јужната граница. Во моментот има 131 полицаец од осум држави и имаме материјално технички средства. Ќе дадеме максимум за да ја затвориме нашата границата и да спречиме нов мигрантски бран кон територијата на нашата држава и со тоа и кон територијата на ЕУ, истакна Чулев

Засега според министерот иако има прогласено кризна состојба на јужната и северната граница, на јужниот дел состојбата е стабилна.

-Нема посебни нарушувања. Внимателно ја следиме состојбата на турско-грчката граница за таа цел управувачкиот комитет донесе одлука да зголеми бројот на полициските сили на јужната граница и истовремено е зголемен бројот на армиските сили, ја обновуваме жичена ограда и правиме пристапни патишта, истакна Чулев.

Министерот со раководството на СВР Тетово и Одделението за внатрешни работи во Гостивар разговарал за состојбите околу откривање криминал, процент на реализација, проблеми на вработените како и преземањето превентивни мерки за фудбалскиот натпревар Македонија-Косово и околу претстојните избори.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This