ЧУЛЕВ: Секојдневно се соочуваме со опструкции од БЈБ од каде се надлежни за постапувањето на полицајците на терен

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Министерот за внатрешни работи, Наќе Чулев, истакнува дека во изминатите неколку денови полициските службеници и МВР биле вклучени во преземање мерки со цел утврдување дали ќе се почитуваат полицискиот час, личната заштита – маските, обезбедувањето на државните карантини и контрола во угоститилските објекти, но дека посветеност од страна на полициските службеници наместо да биде валоризирана, многу често е злоупотребена од страна во политички цели од страна на власта.

Чулев апелира до јавноста и до сите политички структури во државата да се воздражат од неосновани напади кои и нанесуваат штета на полицијата.

Свесен сум за револтот на граѓаните за ограничување на движењето, но целта е заштита на здравјето на граѓаните, а одлуките се носат на предлог од Комисијата за заразни болести, а МВР имаат задача и обврска да го контролираат нивното спроведување – вели Чулев.
Во однос на обвинувањата од страна на власта до него, како што рече, работите се јасни од првиот ден како министер за внатрешни работи.

Мојот став е дека МВР треба да функционира професионално, неселективно и законито. Во суштина во изминатиот период тоа се покажа во пракса, во најголем дел успешно ги спроведовме одлуките на Владата, а со тоа го заштитивме и здравјето на граѓаните. Грешки и пропусти сигурно има и тие се дел од работењето, но лошо е кога грешките се случуваат поради опструкција, несоработка и постапување по партиски директиви – вели Чулев.

Министерот информира дека во секојдневното работење се соочува со опструкции од структури во МВР коишто работа под диретиви надвор од неговата надлежност.

Тешко е една моја замисла, идеја или директива да се спроведе во пракса, без да наидам на многу опструкции, од МВР внатре, но и од страна на Владата. Начинот на организација и на постапувањето на полициските службеници е исклучителна обврска на директорот на БЈБ кој раководи со Оперативниот штаб формиран за оваа намена. Јас како министер имам обврска да ја гарантирам законитоста и неселктивноста на постапувањето на полициските службеници, меѓутоа немам ингеренции да ја организирам нивната работа и да давам конкретни задачи за нивно постапување – појасни Чулев.

Тој потенцира дека во телеграмата упатена до полициските службеници од страна на директорот на БЈБ, јасно се нагласува дека полициските службеници постапуваат само по добиени насоки и задачи од негова страна.

За мене како минситер за внатрешни работи најважно е да ја добиеме битката со корона вирусот и така ќе биде и во иднина. Апелирам до јавноста да не подлегнува на провокациите кои владечката партија ги пушта во јавноста. Тие се само обид за политичка дискриминација и факт кој покажува дека тие се грижат само за сопствениот рејтинг, но не и за здравјето на граѓаните – истакна министерот за внатрешни работи, Наќе Чулев.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This