April 28, 2024, 12:26 pm

Чaшyле: Да нe ce пpeмиepите нa coседните држави нema да знaeме што ни се слyчyва по дoмa

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

„Од некаде 1.000 заразени дневно паднавме на бројка од под 500, тоа е одличен показател, да издржиме вака уште месец – два па со вакцинацијата можда ќе ја преживееме епидемијата, но ова важи да сме друга држава. Изгледа, тоа е така во светот, а кај нас не.

Кај нас откако Заев и Филипче скроз ја утнаа работата со купување на вакцините директно од фабриките и упорно се крстеа во тој т.н. систем Ковакс, кој видовме не функционира. На крај видоа, не видоа, дека нема ни В од вакцина почнаа да мољакаат низ Европа и кај соседите и другите држави кој ќе ни фрли по некоја доза колку да ги вакцинираме докториве кои ни гинат на првата борбена линија“, истакна вчера Коле Чашуле во својата емисија „Седмица“.

Чашуле додаде дека на Заев и Филипче за вакцини им ветуваа Бугарите, Грците за да на крај Македонците ги спасат Србите.

„Србите ветија 8.000 вакцини и веднаш за два дена беа подготвени да ги испорачаат. Но, што се случи“, запраша Чашуле.

Чашуле посочи дека Еди Рама призна дека Бугарија сакала на Македонија да донира само стотина вакцини, сега српската премирка Брнабиќ и појаснува на македонската власт за да зедат вакцини прво треба да се регистрираат.

„Да не се премиерите на соседните држави нема да знаеме што ни се случува по дома. Не ми се верува! Заборавиле нашите дека треба да ги регистрираат новите вакцини. И сега заради тоа не можеме да ги добиеме“, нагласи Чашуле.
Чашуле рече дека евтиниот ПР им се удри од глава на Заев и Филипче.

„Како обичен граѓанин само знам дека нема вакцини, а оние малку што сакаат да ни ги дадат Србите, не сме можеле да ги донесеме затоа што постоела некоја си процедура за внесување на лекови. Што правеше власта цели 11 месеци откако почна епидемијата“, запраша Чашуле.

Чашуле додаде дека власта на избори отиде на избори за да Македонија има функционални институции, но тие функционални институции на Заев и Филипче некако не функционираат.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This