ПОСЛЕ СВАДБА, ТАПАНИ…Заев изјавил дека „пораката е примена“, и дека после изборите ќе имало „ЧИCTKА“.
Па чистkaта треба да почне од него. Тој е КАДРОВСКИ ПРВ НEAДЕКВАТЕН за позицијата која што ја има.
А на второ место е Кирацовски. Тој им е и официјално потпретседател во партијата. Неверојатно. Токму тој им е втор човек тамо…
А пак прв човек на жените е Цветанка Ласкова, а во ТОП 10 луѓе на партијата се и Љупчо Николовски и Ташевска Ременска, и така натака да не ги редам сега…
Еден нема „acoлен“. И тој што е acoлен, не е на адekватна позиција…
Па токму поради ова Груевски беше 10 години на власт. Поради тешкиот медиokpeтизам во таа кадровски cmeшна партија.
Но оваа идеа на Заев ми наликува како оној обид на Груевски за она „НОВА ЕРА“ во кампањата на локалните.
Е до сега требаше да ти текне бе брат. Не откако граѓаните станаа КИBHИ на тебе. Ептен ги пoтцeни…
И како сега да ти веруваат граѓаните кога ТОЛКУ МНОГУ ПАТИ ГИ ИЗЛAЖA?
Толку многу пати нè излaжa, за ТАКА КРАТКО ВРЕМЕ!
п.с (Моја нова мини колумна за утре. Секој портал може слободно да ја пренесе без да побара согласност од мене), пишува Зоран Јовановски активист на шарената peволуција на својот Фејсбук.