ШАРЛАТАНСКИТЕ ИЗЈАВИ НА ШЕЌЕРИНСКА ШТЕТНИ ЗА МАКЕДОНИЈА: Светскиот Македонски Конгрес со реакција на изјавата на Шеќеринска која намерно предизвикува конфликт со Руската Федерација!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Светскиот Македонски Конгрес (СМК) изјавата на министерката за одбрана Радмила Шеќеринска во интервју за агенцијата “Блумберг“ дека “Владата го зголемува притисокот за прием на земјата во НАТО, бидејќи смета дека на овој начин НАТО ќе ја заштити Република Македонија од руска интервенција во внатрешните работи“, ја смета за штетна за македонските национални и државни интереси и непријателска кон Руската Федерација со ништо предизвикана.

СМК ја отфрла како несериозна и шарлатанска изјавата на Радмила Шеќеринска дека “И пред изборот на новиот кабинет бевте сведоци на одлив на информации за обидите на Русија да постигне влијание во клучните политички области и во областа на безбедноста“?!

СМК очекува Македонија да ги унапредува билтаралните и мултилатералните односи не само со Соединетите Американски Држави туку и со Руската Федерација и Кина, бидејќи светот се развива мултиполарно, а американскиот унилатерализам и европскиот центризам се трајно минато свршено време, Македонија покрај евро-атлантската соработка ја преферира и евро-азиската соработка!

СМК изразува жалење бидејќи позади изјавите на Радмила Шеќеринска препознатливи се интересите и мешањето во внатрешните работи на Македонија од американскиот амбасадор, Џес Бејли и заменик помошникот државен секретар на САД за Европа и Евроазија, Хојт Брајан Ји.

СМК потсетува дека Македонците во светот го отфрлаат пристапувањето на државата Македонија во сојуз со Европската Унија и НАТО Алијансата поради антимакедонизмот на Грција и Бугарија, грчкиот и бугарскиот геноцид врз Македонскиот народ, наци-фашистичкото барање на Грција за промена на името на државата и наци-фашистичкото барање на Бугарија за промена на јазикот културата и историјата на Македонскиот народ, како вредност за солидарност на Брисел и Стразбур со Атина и Софија!

ЕУ и НАТО не се достојни за промена на името на државата и идентитетот на нацијата!

СМК и натаму бара безусловен крај на разговорите за разликата за државното име со Владата во Атина и продолжување на членството во Обединетите Нации под државното име Македонија, со можност за употреба на уставната додавка Република, како јасна разлика од истоимената северна провинција во Грција и југо-западна провинција во Бугарија, без латинична транскрипција на Македонскиот јазик (Republika Makedonija), туку на англиски јазик (Republic of Macedonia), со меѓународниот код МК односно МКД и нотификација на Македонскиот народ и Македонскиот јазик, независно од историските хипотеки од Балканските војни 1912-1913 година – окупацијата врз Македонија и геноцидот врз Македонскиот народ кои се’ уште траат!

СМК повторно бара Претседателот на Република Македонија веднаш: (1) Да упати нота до Генералниот Секретар на Обединетите Нации дека за Македонија разговорите за разликата за државното име со Владата во Атина се завршени, и (2) Да предложи Резолуција до Генералното Собрание за продолжување на членството во Организацијата на Обединетите Нации под државното име Македонија!

9 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This