Шахпаска исто ко Филипче: Се е под контрола

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Министерката за труд и социјална политика, Јагода Шахпаска при посетата на Штип порача дека состојбата во детските градинки сè уште е под контрола.

– Бројот на позитивни дечиња во градинките, заклучно со денешниот ден, изнесува 35, а на вработените во градинките – 279. Тоа е бројката, што ја добив пред да пристигнам, малку коригирана со утринските бројки. Тоа се возрасни вработени, меѓутоа воспитувачи, негователи, градинари, луѓе коишто работат во кујна, односно персоналот кој овозможува непречено функционирање на детските градинки, вели Шахпаска.

Според последните податоци, 31 центар за лица со попреченост работат и во нив се згрижуваат корисниците, а три центри се затворени поради 16 вработени и четворица штитеници кои се позитивни на коронавирусот.

– Знаеме дека и дневниот Центар во Штип беше затворен еден краток период поради неколку позитивни вработени и штитеници. Меѓутоа по изолацијата и по изминување на периодот, согласно препораките на здравствените власти, центарот е повторно отворен, вели Шахпаска.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This