Шахпаска: Мaлиoт гpyпeн дoм вo Берово e ycпeшнa пpикaзнa зa дeцaтa бeз poдитeли и poдитeлcкa гpижa

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Министерката за труд и социјална политика, Јагода Шахпаска го посети малиот групен дом (МГД) во Берово, кој е прв од таков вид во нашата држава. Во моментов во него се згрижени четири деца, а за нив се грижи тим од три стручни лица (едукатори) и две негователки. Стручните профили на едукаторите се: специјален едукатор и рехабилитатор, социјален работник и одделенски наставник.

-Малиот групен дом во  Берово функционира како куќа на децата со нивните едукатори и негователи, во вид на семејно опкружување, и остварува соодветна квалитетна грижа за децата надвор од нивните биолошки семејства. Крајната цел на работата со децата од Мал групен дом е изградба на општествено корисна личност која ќе биде целосно социјализирана и интегрирана во општествените текови на модерното живеење. Оваа цел пред се се остварува со долг, стабилен и топол однос од страна на едукаторите кон корисниците и континуирано работење и следење на децата, истакна министерката Шахпаска.

Значењето на улогата на стручните лица во групниот дом, како што вели министерката, е голема.

– Се посветува особено  внимание на градење на добар меѓусебен однос помеѓу децата  и на релација едукатор – дете. Преку индивидуална работа се поттикнуваат талентите на децата и се откриваат нивните интереси, се детектираат  и се работи на отстранување на пропустите од интелектуален и емоционален катактер, додава таа.

Истовремено, како што вели Шахпаска, се создава чувство на припаѓање и заедништво, а во таа смисла се организираат заеднички  посети на  културни манифестации во градот и пошироко, како и учество на спортско-рекреативни активности.

-Малиот групен дом, како вонинституционална форма на згриживање на деца без родители и родителска грижа, се покажа навистина успешен. Продолжуваме со деинституционализацијата како процес и кај лицата со попреченост во форма на живеење со подршка, рече министерката Шахпаска. 

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This